Е-Б-Ф-Б
НАД ЕДНА МИЛИЈАРДА ЕВРА ВРЕДНИ КРИПТО ВАЛУТИ УКРАДЕНИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА 2017 ГОДИНА

блиц свет

Според анализата на Непрофитната работна група за дигитална заштита, популарноста на биткоинот, но и појавата од над илјада и петстотини различни дигитални крипто валути – таканаречени дигитални токени, го свртеа вниманието на недоволно регулираните сектори, на нелегалната трговија, со што ја поттикнаа и кражбата на валутите при сомнителните трансакции. „Се работи за продолжена активност на класичниот криминал како што е трговијата со дроги, перењето пари итн., трансакции кои се наменети да бидат скриени од официјалните текови и кои се подложни на кражба на самите токени“ – изјави Дејв Џеванс, извршен директор на Сајфер трејс (CipherTrace), компанија која нуди услуги за безбедност на крипто валути и воедно претседавач со Непрофитната работна група за дигитална заштита. Според нивните проценки, само 20 % од украдените токени успеваат да бидат вратени на вистинските сопственици, а ниедна од овие операции не е поврзана со официјалните органи. Според Џеванс последната промена на ЕУ за подлабока заштита на приватноста на интернет-корисниците дополнително ќе создаде простор за овие нелегални активности. 

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top