Е-Б-Ф-Б
ГЕНЕРАЛ ЕЛЕКТРИК ИЗЛЕГУВА ОД ПРЕСТИЖНИОТ ИНДЕКС ДАУ ЏОНС (DOW JONES)

блиц свет

По нешто повеќе од еден век учество во најпрестижниот берзански индекс на ДАУ ЏОНС (ДАУ), Генерал електрик (General Electric) поради сè помалото влијание во формирањето на вредноста на индексот ќе треба да го напушти друштвото на најпрестижните компании на американската економија. Компанијата која пред 15 години имаше најголема пазарна вредност на берзата, денес има проблем да одржи контрола над целата лепеза бизниси и е под силен притисок на инвеститорите да се подели или да се ослободи од големиот број бизнис гранки. Во меѓувреме компанијата најави дека ќе се ослободи од 1 200 вработени во Швајцарија како дел од Програмата за намалување на вработените во европските претставништва за 4 500. Во исто време, во согласност со Договорот за инвестирање во 2015 година, на компанијата ѝ се заканува тужба за неисполнување на обврските во Франција каде што портфолиото на вработени мора да биде зголемено за нови илјада лица. Генерал електрик е дел од индексот ДАУ уште од неговото формирање во 1986 година, а е постојан член од 1907 година.

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top