Е-Б-Ф-Б
ЕУ ЈА ЗАСИЛИ ОБВРСКАТА ЗА УПОТРЕБАТА НА ЕНЕРГИЈА ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ

блиц свет

До 2030 година, 32 % од енергијата која се консумира во Европската Унија ќе мора да биде произведена од обновливи извори на енергија. Ова е резултатот на преговорите кои се водеа меѓу Европскиот парламент и Советот на ЕУ, што претставува поамбициозна цел од првичната на Европската комисија, која предвидуваше учество на обновливите извори од 27 %. Постигнат е договор и за минимална стапка од 14 % обновлива енергија во горивата за транспорт со тоа што биогоривата од прва генерација, кои се произведуваат од маслата од сончоглед, од соја и од палма, не смеат да претставуваат повеќе од 7 % од финалната консумација на гориво во транспортот, а истовремено директивата предвидува поголема стапка на биогоривата од втората генерација, оние кои се произведуваат од отпадот од производството на етанол и на житни култури и кои се сметаат за поеколошки. Овој договор најпрво треба да биде одобрен од страна на европските министри и на европратениците пред да стапи на сила, а неговата примена се очекува да почне од 2021 година.

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top