Е-Б-Ф-Б
ГРЦИЈА ИЗЛЕГУВА ОД ПРОГРАМАТА ЗА ПОМОШ

блиц свет

Договорот ќе овозможи официјална Атина од 20 август веќе да не биде под покровителство на доверителите и повторно ќе добие можност сама да почне да се финансира на финансиските пазари. Со постигнатата согласност за последната исплата од вкупно 15 милијарди евра, за Атина формално се затвора третиот пакет за помош и т.н. „Европски чадор за спас“, кој ја одржуваше грчката држава надвор од банкрот. Но, и покрај завршувањето на програмата, на Грција ќе ѝ бидат неопходни повеќе децении за да врати барем еден дел од овие кредити и да го намали своето ниво на задолженост од 180 % од бруто домашниот производ. Грција во последниве осум години доби повеќе од 273 милијарди евра помош од своите доверители, од земјите од еврозоната и од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) преку три програми за помош. За возврат Грците мораа да спроведат стотици реформи за да ги залечат своите јавни финансии, кои често беа болни за општеството и кои предизвикаа губење на една четвртина од домашното производство.

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top