Општество
ЕУРОЛИНК ОДВОИ 1 600 000 ДЕНАРИ ЗА СТИПЕНДИИ НА СТУДЕНТИТЕ ОД ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ

блиц Македонија

Еуролинк осигурување во рамките на платформата за корпоративна општествена одговорност „Еуролинк – вашата врска со вистинските вредности“ петта година по ред распишува конкурс за доделување 35 Еуролинк стипендии за студентите на Правниот факултет „Јустинијан Први“- Скопје од кои 25 стипендии за студенти на додипломски студии во поединечна вредност од 40 000 денари и 10 стипендии за студенти на последипломски студии во поединечна вредност од 60 000 денари. Право на аплицирање за добивање Еуролинк стипендија имаат сите редовни студенти на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, кои имаат редовен упис во учебната 2017/2018 година и кои исполнуваат услов за упис во учебната 2018/2019 година. Еуролинк стипендиите се наменети за студентите да ги покријат трошоците за кофинансирање и како поттик за успешно завршување на нивните студии. Доделувањето на стипендиите за студентите од Правниот факултет „Јустинијан Први“ е активност во рамките на програмата за општествена одговорност на компанијата преку која годишно се реализираат повеќе проекти од областа на образованието, на културата и на уметноста во Република Македонија.

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top