Општество
ПИВАРА СКОПЈЕ ПЕТТА ГОДИНА СПРОВЕДУВА ОБУКИ ЗА ЗДРАВЈЕТО И БЕЗБЕДНОСТА НА ДЕЦАТА

блиц свет

Околу 8 400 ученици од 112 основни училишта во 17 општини и градови и оваа година се стекнаа со дополнително практично знаење од областа на здравјето и безбедноста. Проектот, наменет за учениците од четврто одделение, на волонтерска основа го спроведоа над 70 вработени и членови на менаџерскиот тим на Пивара Скопје, соодветно обучени во областа на здравјето и безбедноста при работа, кои на учениците им пренесуваат совети за тоа како правилно да го носaт училишниот ранец; како да го држат телото при седење на училишното столче, кога пишуваат или се пред компјутер; за тоа како да спречат повреди предизвикани од лизгање, од препнување и од паѓање. Дополнително учениците добиваат и совети како да се грижат за животната средина, за хигиената во училиштето и за тоа како да постапат при евентуална појава на пожар во училиштето или во други објекти. Вкупната бројка на ученици кои изминативе пет години имаа можност да се едуцираат за безбедни и здрави школски денови надмина 26 900.

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top