Општество
НЕ Е ЛЕСНО ДА ИМАШ РАБОТА СО ВИСОКА ОДГОВОРНОСТ КОГА СИ ЖЕНА

Лидија Георгиева
Авторката е дизајнер, вонреден професор

Неодамна во резиденцијата на Франција во Скопје госпоѓата министер Женевиев Дариесек, државен секретар при Министерството на вооружените сили на Франција, во име на претседателот на Република Франција ја одликуваше госпоѓата Радмила Шекеринска, заменик на претседателот на Владата и министер за одбрана со орден „Командант на националниот ред за заслуги“ на Република Франција.
Ова високо одликување госпоѓата Шекеринска го доби за својот особен придонес во развојот на односите меѓу Македонија и Франција, како и нејзината заложба за промовирање на европските вредности во Македонија.
На приемот што беше одржан во чест на овој настан имав задоволство да разговарам со госпоѓата Женевиев Дариесек.


Госпоѓо министер, кои се Вашите впечатоци од престојот во Македонија?

Открив многу интересна земја, Македонците се многу симпатичен и љубезен народ кој навистина има желба да оди напред.
Многу сум среќна што имав можност да ѝ го доделам овој орден на госпоѓата Шекеринска, таа е извонредна жена, а денес таа кажа многу важни работи. Вие навистина треба да ги земете работите во свои раце за да напредувате. Тоа е во исто време силно и вистинито – секој народ, секоја земја мора да оди напред според дадените услови.
Таа во својот говор вечер им се обрати и на жените, и со тоа што го рече потполно се сложувам. Не е лесно да имаш работа со висока одговорност кога си жена, мора да работиш двапати повеќе од мажите. Ние во Франција се бориме за да им го олесниме на жените пристапот кон сите работни места и едноставно да го работат тоа што го сакаат, а така треба да се продолжи и во Македонија.

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top