Е-Б-Ф-Б
ВО 2018 ГОДИНА ДРАМАТИЧНО НАМАЛЕНИ КИНЕСКИТЕ ИНВЕСТИЦИИ ВО СЕВЕРНА АМЕРИКА


Според извештајот на глобалната адвокатска фирма Бејкер Меккензи, базиран на независното истражување на Родиум Групацијата, во 2018 година е регистриран драстичен пад на странските директни инвестиции на Кина во Северна Америка.

Во првата половина од 2018 година комплетирани се кинески странски директни инвестиции во Северна Америка во вредност од 2 милијарди американски долари, што претставува драстичен пад од 92% во споредба со првата половина од 2017 година.

Наспроти тоа, кинеските инвестиции во Европа во првата половина од 2018 година изнесуваа 12 милијарди американски долари, односно се зголемија за 4% во споредба со истиот период од претходната година.

Пренасочувањето на интересот за инвестирање од Северна Америка кон Европа се манифестира и кај спојувањата и припојувањата што ги прават кинески компании. Во првата половина од 2018 година објавени се спојувања и припојувања во износ од 22 милијарди американски долари во Европа наспроти 2,5 милијарди американски долари во Северна Америка.

Повеќе информации на следниот линк: https://www.bakermckenzie.com/en/newsroom/2018/07/chinese-fdi-h1-2018

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top