Е-Б-Ф-Б
ВИТАМИНКА НА САЕМОТ СИАЛ ВО ШАНГАЈ, КИНА

блиц Македонија

На трите саемски дена, исполнети со бројни случувања во насока на унапредување на продажбата и на презентацијата, Витаминка уште еднаш успеа да се претстави со квалитет, со препознатливост и со идентитет на Стоби флипс, Цевитана, Атлантис и останатите брендови. Витаминка веќе неколку пати има направено испораки на производи во Кина. „Втора година сме присутни на овој саем затоа што нуди премногу можности и во однос на самиот кинески пазар, кој со бројки ги надминува сите останати, но исто така и во однос на саемските случувања, она што им се нуди на учесниците и концентрацијата на присутни учесници од другите сродни индустрии“, изјави Љупчо Велески, директор на Секторот Извоз во Витаминка. Витаминка е редовно застапена на саемските манифестации низ целиот свет каде што со воспоставување на директен контакт со дистрибутери, со синџири на маркети, но исто така и со самите потрошувачи отвора нови пазари и го лоцира клучниот чекор во развојната стратегија на компанијата. СИАЛ претставува најголем саем во Азија и четврта најголема изложба на иновации во прехранбената индустрија во светот.

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top