Општество
Анастасиа Лефкоска: МАКЕДОНИЈА ВО СЛЕДНИТЕ 25 ГОДИНИ

Средношколец од Средно општинскo медицинско училиште - Гостивар

Во февруари 2018 година УСАИД организираше државен натпревар за сите средношколци во Република Македонија за пишување есеј на тема: „Македонија во наредните 25 години“. На натпреварот се избрани десет есеи кои рамноправно се сметаат за победнички есеи. Им честитаме на победниците!

Имајќи ја предвид искреноста и иновативноста на средношколците, а со желба на носителите на политиките во земјава да им овозможиме зголемен опсег на идеи за можните правци на развој на Република Македонија во наредните 25 години, Економија и бизнис ќе ги објави победничките есеи.


Додека седев на високиот рид кој го надгледуваше моето мало збиено гратче, мислите диво трчаа во мојата мала конфузна глава. Наместо да ги прашам луѓето кои беа задолжени да ја водат оваа држава, јас си го поставував себеси не толку комплицираното прашање за тоа како мојата драга мала татковина во која сонцето требаше да сјае и еднакво да ги штити сите граѓани кои бараа засолниште во неа почна да личи на монструозната катастрофа каква што ја знаеме денес. Додека мислите се слеваа, се мешаа, се бореа во мене, едно специфично лице се појави од никаде, како некоја си горко-слатка меморија што од мене влече одамна заборавени чувства, нежните, мудри, длабоко кафеавите очи на Али некако ме навратија низ времето и просторот токму на овој ист висок рид каде што седевме со часови.
„Зошто си толку тажна Ана?“, ќе ме прашаше секогаш кога моите очи ќе се загледаа во една специфична зграда во далечината под нас.
„Обожував да растам овде...“, ќе почнев, „бев среќна, без ниедна грижа, мислев дека сите кои живееја тука ги имаа истите шанси како и јас, но изгледа грешев“, ќе му одговорев тажно, секогаш со погледот вперен надолу.

„Што те мачи точно?“, трпеливо ќе ме прашаше, повторно со тој негов поглед од чии длабочини сјаеше знаење, но и тага.
„Ова... сево ова ме мачи, оваа земја што порано ја сакав, нејзиниот систем, нејзините лидери, нејзиното лицемерство, го мразам, го мразам фактот што не можеш да разговараш со мене без да бидеш искаран, го мразам тоа што ти судат само затоа што си поинаков, само затоа што зборуваш поинаку, што имаш поинаква култура и го мразам фактот што знам дека не си единствениот што пати поради нив додека тие лажат на телевизија и ве обвинуваат вас за сите нивни грешки.“ Без да земам здив си ја истурив душата пред него.

КОНЕЧНО ПО ДЕЦЕНИИ ИСПОЛНЕТИ СО ПОТ, СО ПЦУЕЊЕ И СО НАПОРНА РАБОТА БЕВ СПРЕМНА ДА СЕ ВРАТАМ ДОМА. ДОДЕКА БЕВ ВО СТРАНСТВО СЕ ЗДОБИВ СО ПРИСТОЈНА СУМА НА ПАРИ И КАКО ШТО ПЛАНИРАВ ГИ ПОБАРАВ МОИТЕ СТАРИ ПРИЈАТЕЛИ, КОЛКУ ШТО МОЖЕВ ПОВЕЌЕ ОД НИВ И СО НИВНА ПОМОШ СОЗДАДОВ СОПСТВЕНА ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА КОЈА НАДЕЖНО ВО ИЗБОРИТЕ ВО 2043 ГОДИНА ЌЕ БИДЕ ДОВОЛНО СИЛНА ДА СЕ НАТПРЕВАРУВА И ДА ГИ ПОБЕДИ ОНИЕ КОИ МУ ПРЕЧЕА НА СОНЦЕТО ВО ОВАА ПРЕКРАСНА ЗЕМЈА. ПАРТИЈАТА САМА ПО СЕБЕ ПРИКЛАДНО БЕШЕ НАРЕЧЕНА „ЕДНАКВА СЛОБОДА“. ПО МЕСЕЦИ ИСПОЛНЕТИ СО ГОВОРИ, СО РЕАЛИСТИЧНИ ВЕТУВАЊА И ЗНАЕЊЕ, НИЕ КОНЕЧНО БЕВМЕ ПОСТАВЕНИ ВО КАБИНЕТОТ, КОНЕЧНО ЈАС СЕБЕСИ ГОРДО МОЖЕВ ДА СЕ НАРЕЧАМ ПРВАТА ЖЕНА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. СО АЛИ И СО МАРИ ДО МЕНЕ, СО МНОГУ ДРУГИ ЗАД МЕНЕ КОИ ВО МИНАТОТО БЕА ИМЕНУВАНИ КАКО ОТПАДНИЦИ БЕВ СПРЕМНА ДА ГИ ИСПРАВАМ СИТЕ „КРИВИ ДРИНИ“.

„Знам Ани, но такви си се едноставно работите тука и нема никој доволно храбар или доволно грижлив за да ги смени.“
Дури и денеска, години подоцна, можам јасно и гласно да ја слушнам неговата изјава, нејзиниот тажен тон безнадежно ми одѕвонува во ушите. Тогаш и таму, седната на тој рид, обвиена во топлината на моите сеќавања од детството, одлучив дека јас ќе бидам таа што на крајот ќе се бори за промена и кога ќе дојде времето, со надеж, ќе победи.
Уште една година во морето од останатите помина, а јас конечно го добив писмото со кое бев примена на Факултетот за политички науки во главниот град на нашава земја. Со голема нетрпеливост си ги спакував куферите и тргнав по потрага за знаење за подобро утре. Главниот град беше како и секој останат главен град, џагореше од луѓе дојдени од секаде, чкрипеше од бучава и вчудоневидуваше со своите високи градби.
Колку повеќе го истражував, сѐ повеќе и повеќе проблеми наоѓав. Сокриени во масите, меѓу луѓето, под маестралните градби беа ирационалните стравови, стереотипите, национализмот и хомофобијата, од почвата на некогаш мојата прекрасна татковина се издигаше стравична смрдеа од омраза, од презривост и од љубомора, а јас повторно бев збунета за тоа како можеше да дојде до ова. Како што времето леташе некако ми стана навика, не, потреба да ги пронајдам сите слоеви на кои им е потребна „поправка“. На тој начин, по една таква изморувачка ноќ, се најдов себеси во Гринхаус пабот каде што ја запознав неа. Мари како и сите останати кои ги запознав имаше свои проблеми, таа не можеше слободно да љуби, наместо да бидат почитувани, нејзините чувства, нејзината љубов беше забранета и јавно исмејувана без какви било последици, што евентуално резултираше таа да се сокрие себеси и да живее мизерна фасада наречена живот.
„Се плашам Ана“, ми рече една вечер додека ми ја полнеше празната чаша.
„Од што?“, овојпат бев јас таа што ги поставуваше очигледните прашања.
„Од тоа да не дознаат луѓето или полошо, да завршам со некој кој нема да може да ме направи среќна... нема да го уништам само сопствениот живот... ќе уништам и нечиј друг“, прошепоти тивко, нејзините очи светкаа со непролеани солзи.
„Сѐ ќе биде во ред, ветувам.“ Тогаш и таму во тој сомнителен паб го направив своето прво ветување кое имав намера целосно да го исполнам.
Во годините што поминаа дипломирав и наспроти неволноста на луѓето ја оставив земјата во која бев родена, повторно по потрага за повеќе знаење. Знаев дека еден ден ќе се вратам и ќе имам многу за „поправање“, но за да го постигнам сето тоа што го планирав и го сонував морав да се здобијам со многу повеќе одошто добив.
Конечно по децении исполнети со пот, со пцуење и со напорна работа бев спремна да се вратам дома. Додека бев во странство се здобив со пристојна сума на пари и како што планирав ги побарав моите стари пријатели, колку што можев повеќе од нив и со нивна помош создадов сопствена политичка партија која надежно во изборите во 2043 година ќе биде доволно силна да се натпреварува и да ги победи оние кои му пречеа на сонцето во оваа прекрасна земја. Партијата сама по себе прикладно беше наречена „Еднаква слобода“. По месеци исполнети со говори, со реалистични ветувања и знаење, ние конечно бевме поставени во Кабинетот, конечно јас себеси гордо можев да се наречам првата жена претседател на Република Македонија. Со Али и со Мари до мене, со многу други зад мене кои во минатото беа именувани како отпадници бев спремна да ги исправам сите „криви Дрини“.
Угледувајќи се на Канада Собранието воведе контрола на огненото оружје, бесплатното здравство сега беше реалност во Македонија како што беше ветено, национализмот како што беше кажано во многу наши говори сега беше забранет со закон, како и расизмот, хомофобијата и сексизмот. Со многу малку пречки на патот, неколку протести, како што беше разговарано го потпишавме законот за родова еднаквост, како и законот за брачна еднаквост. Последно, но не помалку битно, направивме промени во правосудниот систем кој отсега, годината 2043, беше исто така бесплатен за сите идни генерации кои ќе доаѓаат.
И по триесет и три години планирање, осум од кои ја водевме и ја подобрувавме оваа држава, јас конечно можам да кажам дека сега грандиозното сонце на Македонија сјае со еднаква слобода и еднаков мир. Сега, кога мојата животна мисија е исполнета, конечно можам да се одморам, конечно можам да ги склопам очите и мирно да спијам!

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top