Е-Б-Ф-Б
ДЕНАР ПО ДЕНАР – ИСПОЛНИ СИ ЖЕЛБА СО ДЕТСКО ШТЕДЕЊЕ


Веќе со тргнувањето во училиште децата треба да ја научат вредноста на парите. Односно, да научат дека со собирање на ситните монети може да се собере доволно за да си исполнат голема желба. Изборот на банка во која ќе ја вложите довербата за детската заштеда исто така има голема улога зашто е важно да одберете банка каде на детето ќе му објаснат која е предноста да се штеди, и да ги има најдобрите услови. Во Стопанска банка а.д. Битола велат дека насочувањето на младите штедачи во банките е голем исчекор во процесот на создавање добри навики кои на децата, а и на родителите, ќе им бидат од полза во животот.

„Според нас навиките за штедење треба да се создадат уште на најмала возраст, и мислиме дека не постои ситуација во која некој е премногу млад за да штеди. Детското штедење како производ на Стопанска банка а.д. Битола е наменето за деца од нивното раѓање до 18 годишна возраст. Родителот ја отвора сметката за детско штедење и со тоа ја поставува основата. Неколку години подоцна, родителот веќе треба да го учи детето да штеди. Сите ситни монети и банкноти кои детенцето ќе ги собере во детската касичка, заедно да ги носат во банка. Добро е детето да види дека тие парички може да се заменат за една поголема, вредна банкнота. Така учи дека и ситните пари имаат вредност и дека со штедењето може да се соберат пари и за исполнување на некои големи и вредни сништа. Во нашата банка има можност за неограничен број и неограничени износи на дополнителни вложувања додека трае орочувањето на депозитот. Минималниот износ на влог е 3000 денари, а минималниот износ на дополнителен влог е 1000 денари “, објаснува д-р Наташа Несторовска, член на Управниот Одбор на Стопанска банка а.д. Битола .

Голема е грижата на родителите за финансиска безбедност на децата во иднина, и не е лесно да се препушти одговорноста за сметката во банка на малолетно дете, особено ако секој месец треба да се депонира влог. Но тоа е одличен начин детето да научи да се грижи за себе и во иднина и да не носи брзоплети одлуки за трошење на парите.

„Децата рано учат дека парите имаат моќ да исполнат желби, и затоа треба да научат со нив да управуваат умно. Односно, важно е да се одбере банка која нуди најдобри услови за детската заштеда да расте. Нашиот производ се двои од оние на останатите банки според висината на каматната стапка. Односно, ја имаме најдобрата годишна каматна стапка на домашниот пазар. Исплатата на каматата, пак, може да се одвива со месечна исплата на каматата или со исплатата на каматата на крајот од периодот на орочување “, дополнува д-р Несторовска.

Разликата во понудата меѓу домашните банки најдобро се воочува кај каматното орочување на парите на 36 месеци. Камата од  3,20 отсто годишно има во Стопанска банка а.д. Битола, во останатите банки се нудат каматни стапки до 2,85 отсто годишно. Во Стопанска банка а.д. Битола парите може да ги орочите и на 12 и на 24 месеци. Каматната стапка за орочени денарски депозити на 12 месеци изнесува 1,60 отсто годишно, а за 24 месеци - 2,80 отсто годишно. За орочените девизни депозити каматната стапка за 12 месеци изнесува 0, 90 отсто годишно, за 24 месеци - 1,50 отсто годишно и за 36 месеци - 1,80 отсто годишно.

Детското штедење е добра основа да се обезбедат финансии за школување или студирање на децата. Родителите често се одлучуваат подароците во пари од родендени или други веселби да ги заштедат во домашна банка, а тоа е одличен начин истите навики да се пренесат и на децата.

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top