Е-Б-Ф-Б
ПЕЈПАЛ ГО КУПИ ШВЕДСКИ ЗЕТЛ ЗА 2,2 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ

блиц свет

Најголемиот светски онлајн платежен провајдер Пејпал (PayPall) постигна договор вреден 2,2 милијарди долари со кој станува целосен сопственик на шведската компанија Зетл (iZettle). Со реализација на овој договор Пејпал се стекнува со растечкиот пазар за плаќања преку т.н. дигитални терминали што, пак, претставува основна дејност на шведскиот стартап  Зетл. Компанијата за кратко време успеа да се наметне со иновативниот пристап на плаќање преку терминали со кои компаниите на своите клиенти им нудат можност на лесен начин да ги претворат мобилни уреди – телефони и таблети – во средства за плаќање. Покрај Шведска, Зетл својот бизнис веќе го има проширено во 12 земји во Европа, а според Џакоб Дегрер, основачот и претседател на компанијата кој останува на оваа функција и по преземањето од Пејпал, преку преземањето се отвора можност за побрза експанзија на нивниот систем за плаќање меѓу компаниите од целиот свет, особено на оние од САД. Инвеститорите позитивно ја оценија оваа активност на Пејпал чии акции покажаа раст по објавувањето на информацијата за преземањето. 

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top