Е-Б-Ф-Б
УСПЕШЕН ФИНИШ НА ТЕНИСКАТА ШКОЛА ОРГАНИЗИРАНА ОД ЕУРОЛИНК ОСИГУРУВАЊЕ

блиц Македонија

Еуролинк осигурување во рамките на платформата за корпоративно општествена одговорност, „Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности”, за првпат оваа година организираше Тениска школа за деца на возраст од 6 до 12 години. Тениската школа започна на 30 март и во текот на еден месец младите учесници ги изучуваа основните техники во тенисот, се создадоа нови пријателства, а децата се стекнаа со ново искуство. На завршниот час децата ги презентираа совладаните техники пред своите родители, а Еуролинк осигурување заедно со професионалниот тренер по тенис Круно Деспотовски на сите учесници во школата им додели сертификат за успешно завршена тениска школа со надеж дека љубовта кон овој спорт ќе продолжи и во иднина, а за некои од нив ќе стане и нивна професионална определба. Активноста е дел од платформата за корпоративно општествена одговорност на Еуролинк во чии рамки годишно се реализираат повеќе проекти од областа на образованието, на културата и на уметноста во Република Македонија.

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top