Е-Б-Ф-Б
ТЕЛЕКОМ ПОКАЖА ПОЗИТИВНИ РЕЗУЛТАТИ ВО ПРВИТЕ ТРИ МЕСЕЦИ ОД ГОДИНАВА

блиц Македонија

Македонски Телеком има водечка позиција на пазарот во фиксни говорни услуги во првите три месеци од 2018 година. Нето-добивката е зголемена за 16 отсто во споредба со истиот период од претходната година и изнесува 382 милиони денари. Приходите од продажба изнесуваат 2 503 милиони денари, што претставува зголемување за 2,1 отсто во споредба со истиот период од претходната година. Вкупниот број на пристапи на широкопојасен интернет на крајот од првите три месеци од 2018 година е стабилен и изнесува 187,7 илјади, додека уделот на пазарот на широкопојасен интернет е 45,1 отсто според интерна проценка. Во однос на ТВ-пазарот, Македонски Телеком има 28,6 отсто удел од вкупниот ТВ-пазар, па така компанијата оствари зголемување на бројот на IPTV корисници (вклучувајќи Magenta 1, 3 Play и други ТВ-услуги) за 7,5 отсто во споредба со истиот период од претходната година, што резултираше со база од 119,1 илјада корисници на крајот од првите три месеци од 2018 година. 

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top