Е-Б-Ф-Б
АНКЕТА НА ДЕЛЕГАЦИЈАТА НА ГЕРМАНСКОТО СТОПАНСТВОВО МАКЕДОНИЈА ЗА ПРЕДЛОГ-ЗАКОН ЗА ОДАНОЧУВАЊЕ НА ЛИЧЕН ДОХОД


Делегацијата на германското стопанство и Македонско-Германското стопанско здружение спроведоа анкета за предлог-закон за оданочување на личен доход за разликата од нето приходот која е повисока од 900.00 евра од 10% на 18%.

На анкетата одговорија 70 компании. На прашањето дали сметате дека има потреба од зголемување на даночната стапка за личен доход за разликата од нето приходот кој е повисок од 900.00 евра на 18%, дури 97% од испитаниците одговорија со не.

На прашањето доколку данокот на доход за вработените кои заработуваат повеќе од 900,00 евра нето се зголеми од 10% на 18%, дали ќе ја одземете разликата од платата на вработените, дури 67% одговориле дека разлика ќе ја одземат од платата на вработените.

На прашањето какво влијание ќе има новиот закон врз атрактивноста на Македонија, како локација за инвестирање, 86% одговориле дека одлуката за воведување на зголемен данок, негативно ќе влијае врз земјата.

На прашањето дали би сакале Делегацијата на германското стопанство во Македонија, резултатите добиени од оваа анкета да ги дискутира со надлежните претставници од македонската Влада дури 100% одговориле дека очекуваат од Делегацијата на германското стопанство во Македонија да ги презентира добиените резултати. Воедно Ве информираме дека директорот на Делегацијата на германското стопанство во Македонија, Патрик Мартенс се сретна со министерот за финансии Тевдовски и го информираше за резултатите од анкетата. На тоа министерот Тевдовски одговори дека овој предлог- закон уште еднаш ќе биде разгледан.

На прашањето кои се приоритетите на компании во однос на реформите кои се спроведуваат, 37% одговорија дека тоа е рамниот данок, 27% изградба / подобрување на државната инфраструктура. 25% од испитаниците одговорија дека очекуваат еднаков третман на домашни и странски инвеститори, 11% одговорија дека тоа се фискалните олеснувања од државата.

Добиените резултати од оваа анкета се од големо значење за понатамошните одлуки за даночната политика која се води сега но и во иднина во Македонија. Компаниите се најголемите даночни плаќачи во земјата и од нив зависи целиот развој во стопанството, затоа сметаме дека нивното мислење е од клучно значење-  соопшти Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство во Македонија.

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top