Е-Б-Ф-Б
ТРЕНДОТ НА РАСТОТ НА АЛКАЛОИД ОД 2017 ГОДИНА ПРОДОЛЖУВА И ВО ПРВИОТ КВАРТАЛ ОД 2018 ГОДИНА

блиц Македонија

Во периодот јануари – март, вкупните консолидирани продажби достигнуваат 2 458 001 587 денари, што е за 5 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година.  36 % од продажбата е остварена на домашен пазар и таму нема раст, додека 64 % од продажбата е остварена на странски пазари при што извозот на компанијата е зголемен за 9 %. Најзабележителен раст е остварен во САД со продажби од 49 862 281 денари, што претставува зголемување за 2,7 пати и во Унгарија со продажби од 29 834 403 денари, што претставува зголемување за 10 пати споредено со истиот период од минатата година. Консолидираната добивка пред финансиските трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која достигнува 414 007 823 денари, бележи раст од 6 %, додека нето консолидираната добивка во износ од 246 800 792 денари е зголемена за 7 %. Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари – март 2018 година изнесуваат 357 342 100 денари, што е речиси трикратно зголемување во однос на истиот период од 2017 година. Во периодот јануари – март 2018 година, во Алкалоид (Република Македонија) се реализирани 51 ново вработување.

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top