Е-Б-Ф-Б
КОМПАНИИТЕ ОПТИМИСТИ ОЧЕКУВААТ ДЕКА ДЕЛОВНАТА 2018 ЌЕ БИДЕ МНОГУ ПОДОБРА ОД МИНАТА ГОДИНА

Анкета за деловната клима во Македонија 2017/2018

45% од извршните директори очекува подобрување,  само 12% очекуваат полоши макроекономски услови.

 

Резултатите од 12 анкета за деловната клима во  Македонија 2017/2018 спроведена помеѓу компаниите членови на Македонско-Германското стопанско здружение и Делегацијата на германското стопанство во Македонија беа денес презентирани и коментирани од страна на Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство во Македонија и раководен член на Управниот одбор на Македонско-Германското стопанско здружение и Марко Акватичи, заменик-амбасадор на Сојузна Република Германија во Македонија.

Сегашната економска ситуација од страна на анкетираните компании е оценета полоша во однос на минатата година. Само 7% од компаниите ја оценија моменталната економска состојба како добра, а 50% ја оценуваат како лоша. Кај компаниите има позитивното расположение во однос на очекувањата дека деловната клима значително ќе се подобри во тековната 2018 и тие се многу повисоки во однос на минатогодишната анкета, дури 45% од извршните директори очекува подобрување, само 12% очекуваат полоши макроекономски услови. 

 

Сопствена стопанска гранка и сопствен бизнис

Во нашето истражување, на прашањата поврзани со оцена на уловите во сопствената стопанска гранка и ситуацијата во сопствената компанија, резултатите се многу слични на оние од минатата година. Компаниите редовно ја оценуваат сопствената деловна состојба подобро  отколку општата макроекономска состојба. 36% од испитаниците ја оценија сопствената деловна состојба како добра, додека само 10% дадоа негативна оценка.

Позитивни промени  очекуваа 68% од испитаните компании во однос на зголемување на продажбата, 5% стравуваат од пад на продажбата - тоа е мало подобрување во однос на претходната година (56: 4). Зголемен извоз очекуваат производителите оваа година во споредба со претходната година, 48% очекуваат зголемување на извоз, а само 4% очекуваат пад на нивната извозна продажба.

Прашањата поврзани со пазарот на трудот се со полоши оценки отколку претходните години. Истражувањето покажа негативни промени во следните фактори: достапност на квалификуван работен кадар (-0,44), квалитетот на стручното образование  (-0,41) и квалификациите на работниците (-0,37). Компаниите очекуваат брзи и ефикасни решенија.

„Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство во Македонија и раководен член на Управниот одбор на Македонско- Германското стопанско здружение: „Тоа е добар знак, дека поголем дел од компаниите и покрај одредени тешкотии сопствената деловна положба ја оценуваат како добра,  односно задоволителна. Во времиња кои се тешки и во политиката и во стопанството, не само во Македонија туку и насекаде во светот, важна е стабилноста и сигурноста на сопствената фирма. Годинава, некој од факторите кои минатите години беа оценети како негативни се подобрени но повторно, испитаниците не се задоволни одсузбивањето на корупцијата и криминалот, правната сигурност и ефикасноста на јавната администрација. И покрај наведените проблеми, сепак е охрабрувачки фактот дека 72% од компаниите кои работат во Македонија повторно би инвестирале во Македонија.Во земјата работат повеќе од 200 компании со германски капитал кои вработуваат 20.000 лица, што игра важна улога на  пазарот на трудот.“

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top