Е-Б-Ф-Б
ПРВА СЕДНИЦА НА МАКЕДОНСКАТА БАНКАРСКА АСОЦИЈАЦИЈА


Денес во просториите на Бизнис Центарот на Халкбанк АД Скопје се оддржа првата седницa на собранието на здружение за остварување на заеднички интереси на банките и унапредување на нивното работење. 
На првата седница на Македонската банкарска асоцијација се утврдија основните белези на асоцијацијата и беа разгледани најактуелните прашања во однос на банкарската регулатива во земјата.
Основачи на Македонската банкарска асоцијација се правни лица – 15 банки и 2 штедилници основани во Р. Македонија, кои работат согласно одредбите од Законот за банките и поединечните акти донесени од гувернерот на Народната банка на Р. Македонија.


Извршниот директор на Халкбанк АД Скопје - Др. Билал Суџубаши, како домаќин на настанот ја поздрави и поддржа новоформираната асоцијација, чија главна цел е да го унапреди банкарското работење и банкарскиот сектор во земјата како и да го зголеми веќе значајниот банкарски допринос во националната економија.

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top