Е-Б-Ф-Б
РУСИЈА ПОДГОТВУВА НОВА ИНТЕРВЕНЦИЈА ОД 17 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ВО ДВЕ БАНКИ

блиц свет

Руската централна банка се подготвува да интервенира со над илјада милијарди рубљи во две приватни банки во кои веќе беа дел од програмата за спас на централната банка минатата година. Во 2017 година, поради финансиската криза, Руската централна банка интервенираше со над 1,5 илјади милијарди рубљи (преку 25 милијарди долари) во три приватни банки – Otkritie, B&N Bank и Promsvyazbank при што во операцијата затвори и повеќе мали штедилници и други финансиски институции. Во две од овие банки, Otkritie и B&N Bank, централната банка се подготвува повторно да интервенира за стабилизација на нивната финансиска кондиција. Рекапитализацијата на овие банки доаѓа откако кај двете се утврдени голем број т.н. лоши пласмани, во кредити кои се сметаат за ненаплатливи, по што веројатно ќе следува нивно спојување во еден голем финансиски ентитет. Финансиската криза во Русија во најголем дел е предизвикана од санкциите на западните земји, но и од намалувањето на цената на енергенсите на светскиот пазар. 

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top