Е-Б-Ф-Б
ФИНСКАТА ВЛАДА ИНВЕСТИРАШЕ МИЛИЈАРДА ДОЛАРИ ВО Nokia

блиц свет

Инвестициската единица на Владата на Финска Solidium, инвестираше преку една милијарда долари стекнувајќи се притоа со удел од 3,3 % во Nokia, потег кој има цел да го зајакне влијанието на земјата врз производителот на телекомуникациска опрема. Компанијата беше лидер на светскиот пазар на мобилни телефони до пред една деценија, а падот на бизнисот беше главна причина и за економскиот застој на Финска од кој земјата сè уште продолжува да се опоравува. Компанијата има 6 300 вработени во Финска, кои на глобално ниво достигнуваат до преку 100 илјади вработени и сега е фокусирана на индустријата за телекомуникациска опрема каде што се натпреварува со шведската Ericsson и со кинеската Huawei. Solidium, владината инвестициска единица, доби удел откако купи акции од пазарот во почетокот на 2018 година. Во последните недели таа го намали уделот во шведската компанија за телекомуникации Телија (Telia), во компанијата за челик ССАБ (SSAB) и во холдинг компанијата Сампо (Sampo) за да ја финансира инвестицијата во Nokia.

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top