Општество
СТАВ НА МАКЕДОНИЈА2025 КОН ПРАШАЊЕТО ЗА ИМЕТО


Македонија2025 е независна, невладина, непрофитна, неполитичка организација. Наша цел и единствена мисија е да продолжиме со поттикнување, промовирање и зголемување на економскиот напредок за сите луѓе кои живеат во Република Македонија, како и да помогнеме во градењето на посилна нација.

Речиси секоја година уште од самото основање, бевме повикани да навлеземе во политичкиот дискурс преку низа прашања, вклучувајќи: избори, судски процеси и од неодмна потенцијалната промена на името на земјата. За многу од овие прашања, одлучивме да не заземаме страна или искажуваме свое мислење бидејќи тоа не би било во согласност со мисијата на организацијата. Сепак, името на земјата е важно прашање, кое длабоко ги засега сите Македонци низ светот и нашиот став го изразуваме главно од аспект на економскиот напредок.

Наше цврсто верување е дека ниту една група, ниту пак личност не треба да им кажуваат на другите луѓе кои сeили што се. Сите луѓе, вклучувајќи ги и Македонците, треба да го уживаат основното човеково право на самоопределување.

Република Македонија е суверена земја. Затоа, го поддржуваме пристапот на сегашната и минатата Влада дека секое спогодбено решение кое не го компромитира националниот идентитети јазикот, треба да биде доследно и согласно со Уставот на Република Македонија.

Разбираме дека решението за потенцијална промена на името на зeмјата е поттикнато од Европската Унија (ЕУ) и други странски влади, кои сакаат земјата да исчекори напред од овој застој во однос на решавање на името,во којземјата се наоѓа изминативе три децении. Исто така, веруваме дека тежнеењето за пристап кон ЕУ и НАТО е многу важно, но не по секоја цена. Ние, како економска организација, сакаме да потенцираме декасамоедно достигнување или решение на едно прашање, нема даовозможи економска благосостојба за македонскиот народ. Економски развојверувамедека може да донесатнапорна работа, одлучност, зголемена трговија и инвестиции, искоренување на корупцијата, чесен и независен судски систем и најмногу од сè единство меѓу луѓето.

Владата на Македонија е избрана од и за народот на Република Македонија и истата треба да води сметка и да ги претставува интересите на македонските граѓани. Без разлика дали живееме во Република Македонија или во многуте други држави низ светот со македонска популација, ние секогаш ќе бидеме Македонци.

Затоа, Македонија2025 ги повикува сите Македонци да се фокусираат на креирањена добра економска клима, во која домашните и странски компании, како и претприемачите, ќе бидат мотивирани да продолжат да инвестираат во Македонија. На оваа високо конкурентна глобална сцена, земјите мора да понудат добра бизнис клима и политичка стабилност за да постигнaт економски развој. Ние како организација oстануваме на располагање на земјата за да фасилитираме дијалог и да дадеме поддршка во остварувањето на овие важни цели.

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top