Е-Б-Ф-Б
ГРЧКАТА ЕКОНОМИЈА ПОВТОРНО ВО ЗЕЛЕНО

блиц свет

По речиси една деценија пад, грчката економија постигна раст во 2017 година, објавија од Националната статистичка служба Елстат. Растот на годишна основа изнесува 1,4 проценти, пониско од очекувањата на Министерството за финансии за раст од 1,6 проценти, посочувајќи притоа на перспективата за оваа година во која се очекува раст од 2,5 проценти – посочија од Елстат. Грција влезе во финансиска криза во 2010 година и беше принудена да прифати три меѓународни програми за спасување. Последната програма завршува во август оваа година по што премиерот Алексис Ципрас очекува земјата да започне да се финансира од меѓународните пазари. Еврогрупата на 21 април треба да донесе решение за позитивно финализирање на спасувачката програма за земјата уште во текот на претстојното лето. Претходно Грција треба да добие и нова транша од 5,7 милијарди евра за што еврогрупата веќе има донесено одлука. Програмите за спасување беа обврзани со строги мерки за штедење при што приходите на обичните Грци се намалија за една четвртина.

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top