Е-Б-Ф-Б
КОЛКАВА ДИВИДЕНДА ЌЕ ЗЕМАТ АКЦИОНЕРИТЕ НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ?


Акционерите на Комерцијална банка АД Скопје го одржаа своето редовно Годишно собрание.

Акционерите потврдија дека Банката ја заврши 2017 година со бруто-добивка во износ од 912,4 милиони денари. По пресметување на данокот на добивка од 91,9 милиони денари, нето-добивката на Банката изнесува 820,5 милиони денари. Акционерите на Банката донесоа Одлука за употреба и распоредување на нераспределената добивка во износ од 820,5 милиони денари и ја утврдија дивидендата за обичните акции во висина од 18% од номиналната вредност на акцијата, односно по 180 денари на една акција. Заради зголемување на вкупниот капитал на Банката и на книговодствената вредност на акциите на Банката, акционерите одлучија дел од добивката, во износ од 410,3 милиони денари, да се издвои во резерви.

На Собранието беа усвоени финансиските извештаи и консолидираните финансиски извештаи, како и Годишната сметка на Банката и Консолидираната годишна сметка на Банката за 2017 година, беше избрано друштво за ревизија и усвоен Извештајот за усогласеноста на работењето на Банката со Кодексот за корпоративно управување на акционерските друштва котирани на Македонската берза

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top