Е-Б-Ф-Б
„ГСОЛ“, КУПУВАЧ НА ПОБАРУВАЊА ОД „ФЕНИ ИНДУСТРИ“ НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ И НА СТОПАНСКА БАНКА АД СКОПЈЕ

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Во изминатиот период, Комерцијална Банка АД Скопје и Стопанска Банка АД Скопје како обезбедени кредитори на „ФЕНИ Индустри“ Кавадарци, презедоа низа активности, со цел повторно активирање на производствениот процесна компанијата, секогаш земајќи предвид дека истиот е од стратешко значење за Република Македонија, како и за поширокиот јавен интерес, за вработените и нивните семејства. Сметаме дека оваа цел е успешно постигната и дека остана уште последниот чекор,да се избере најсериозниот инвеститор кој ќе понуди долгорочна перспектива за компанијата.

Во целиот период, додека се вложуваа напори да се пронајде најсоодветен инвеститор за сите доверители, се водеа разговори со голем број заинтересирани субјекти и на крај, последните денови, понуди за откуп на нашите побарувања од „ФЕНИ Индустри“ доставија две заинтересирани страни,„ГСОЛ“ и „Минстрој“. Двете понуди беа сериозни, покажуваа посветеност и позитивни намери за обезбедување на иднината на "ФЕНИ Индустри", вклучувајќи и доказ за расположливи средства.

По оценувањето на понудите, одлуката на банките е да се избере понудата на „ГСОЛ“ како купувач на нашите побарувања. Ваквата одлука се заснова на целосна оценка на доставените понуди, роковите и условите за исплата напобарувањата, како и покажаната посветеност на овој инвеститор од почетокот на проблематичниот период за компанијата. Исто така, беше земено предвид дека "ГСОЛ" веќе ја исплати заостаната плата на вработените во "ФЕНИ Индустри", како и јавно објавената намера за соодветна исплата и на другите доверители кои имаат признаени побарувања во стечајната постапка на "ФЕНИ Индустри". Согласно условите од понудата, банките очекуваат целосната реализација на договорот за откуп на нивните побарувања да биде завршена до крајот на март 2018 година.

Би сакале да им се заблагодариме на понудувачите и на сите заинтересирани инвеститори за нивните сериозни намери во врска со иднината на "ФЕНИ Индустри" Кавадарци, искрено надевајќи се дека ќе имаме успешна соработка во идните проекти.

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top