Е-Б-Ф-Б
ТАРГЕТИТЕ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА ЗА ЗЕЛЕНА ЕНЕРГИЈА ПРЕДВИДУВААТ МИЛИЈАРДИ ВО ЗАШТЕДИ

блиц свет

Европската Унија може значително да ја зголеми употребата на обновливи извори на енергија заштедувајќи милијарди долари, се наведува во истражувањето на Меѓународната агенција за обновлива енергија. Унијата може рентабилно да го зголеми за 34 % делот на зелените енергетски извори во енергетиката до 2030 година наместо 27 %   предвидени во моментов во плановите, покажува истражувањето на Агенцијата. Според истражувањето, доколку Европската Унија ги искористи сите опции на обновлива енергија, таа би постигнала намалување на расходите од 25 милијарди долари годишно до 2030 година во споредба со трошоците при користење на конвенционалните извори. Покрај тоа, истражувањето покажува дека зголемувањето на уделот на обновливите извори ќе доведе и до намалување на трошоците за здравствена заштита поради подобар квалитет на воздухот. Земјите членки на ЕУ во декември минатата година ја потврдија својата цел за постигнување учество од 27 % како дел произведен од т.н. зелената енергија, додека Европскиот парламент би сакал Унијата да се придржува до нивото од 35 %. 

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top