Е-Б-Ф-Б
МИЦУБИШИ ПОВЛЕКУВА 140 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА ПОРАДИ ДЕФЕКТ

блиц свет

Јапонскиот автомобилски гигант Мицубиши најави дека планира да повлече речиси 140 илјади возила, меѓу кои и некои од најпродаваните модели во САД. Според компанијата, повлекувањето на возилата е поради грешка во производството, т. е. опасност од разлабавување на ременот за помошен погон што може да доведе до застој на моторот. Меѓу моделите што ќе бидат повлечени се СУВ аутлендер од 2008 до 2012 година, потоа СУВ аутлендер спорт од 2011 до 2012 година, како и автомобилите лансер од 2009 до 2012 година и лансер спортбек произведени од 2010 до 2012 година. Во сите овие модели се вградени моторите на Мицубиши 4Б11 и 4Б12. Од компанијата соопштиле дека делот од моторот, кој автоматски ја нагодува затегнатоста на ременот, поради недостаток може да пукне и да предизвика ременот да се разлабави. Тоа може да доведе до испразнување на акумулаторот и застој на моторот. Компанијата најави дека промената на овие делови треба да започне на 27 март и таа ќе биде бесплатна за корисниците. 

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top