Е-Б-Ф-Б
ОТВОРЕН ПОВИК ЗА 11-ТО ИЗДАНИЕ НА ЛИДЕР ПРОЕКТ: ВРВНА ПРОГРАМА ЗА БИЗНИС ОБРАЗОВАНИЕ ВО МАКЕДОНИЈА


Македонија2025 објавува отворен повик за ЛИДЕР проектот кој по 11-ти пат ќе се одржи во Скопје од 7-ми до18-ти мај. Ivey School of Business го организира ЛИДЕР проектот уште од 1991-ва година. Оваа програма е целосно бесплатна и претставува десетдневна MBA (Management and Business Administration) работилница, која ги поттикнува македонските претприемачи да развијат локални бизнис решенија, создавајќи нови можности во нивните општества.

Претприемачите ќе имаат можност да ги развијат своите аналитички вештини и во целост да го развијат  нивното чувство за бизнис.  Без разлика дали веќе поседувате свој бизнис или пак имате квалиететна бизнис идеја која сакате да ја реализирате, ЛИДЕР проектот ќе ви помогне да стигнете чекор поблиску до вашата цел!

Повикот е отворен до 10-април 2018. Повеќе информации за критериумите и начинот на аплицирање ќе најдете на: http://www.macedonia2025.com/activities/single/1097

За сите дополнителни прашања контактирајте нè на elena@macedonia2025.com

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top