Е-Б-Ф-Б
ГЕРМАНСКИОТ ЧАСОВНИК НА ДОЛГОТ ПОЧНА ДА СЕ ДВИЖИ НАНАЗАД

блиц свет

За првпат по повеќе од две децении, поточно од 1995 година, т.н. „часовник на долгот“ на Германија почна да се движи наназад, и тоа за минус 78 евра во секунда, што покажува за првпат дека јавниот долг на земјата опаѓа. Најголем индекс на часовникот за раст на долгот покажуваше на почетокот на финансиската криза во земјата во 2009 година, кога долгот на Германија се зголемуваше за повеќе од 4 400 евра во секунда и сѐ до почетокот на 2018 година бројките на часовникот беа во состојба т.н. црвени бројки, што претставува потсетник за лошата фискална позиција на Германија. Часовникот е поставен од јуни 1995 година кога долгот по глава на жител на Германија изнесуваше 12 830 евра и од тогаш континуирано се зголемува до сегашното ниво од 23 827 евра. Поради економските подобрувања на Германија, новата влада најверојатно ќе има буџетски суфицит од околу 30 милијарди евра во текот на следните четири години. 

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top