Е-Б-Ф-Б
ДВЕ НАГРАДИ ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА ОД ЕБРД


Комерцијална банка АД Скопје годинава е добитник на две награди  од Европската банка за обнова и равој (ЕБОР).

Наградата „Most Active Issuing Bank in 2017 in FYR Macedonia” Комерцијална ја добива во континуитет како најактивна банка во програмите на ЕБОР за поддршка и унапредување на меѓународната размена.

Наградата  “Deal of the Year”  ја сметаме за особено значајна бидејќи за прв пат се доделува на Комерцијална банка АД Скопје, а се однесува на севкупниот регион (Европа, Азија, Африка) каде делува ЕБОР.

Зделка на годината („Deal of the year“) – е награда која ЕБОР ја доделува секоја година почнувајќи од 2000-та и тоа во три категории:

Зделка на годината за енергетска ефикасност („Deal of the year for energy efficiency“);

Зделка на годината за социјален импакт („Deal of the year for social impact“);

Зделка на годината за севкупен импакт („Deal of the year – overall impact“);

 

Комерцијална банка е добитник на „Deal of the year- overall impact“ за акредитив каде што во трансакцијата се вклучени три земји, активни во меѓународното документарно работење  и две банки кои се оперативно вклучени во ЕБОР-ТФП како издавачки и конфирмирачки банки.

Бидејќи конфирмираните трансферабилни акредитиви бараат повисок степен на специфично стручно знаење и професионално искуство, со оваа награда, уште еднаш, тимот за документарно работење на КБ со својата експертиза се етаблира во меѓународни рамки.

 

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top