Е-Б-Ф-Б
Што очекувате од 2018 година? Глигор Бишев: ПРИСТАПОТ ДО КАПИТАЛ И ДО КРЕДИТИ НЕ БИ ТРЕБАЛО ДА ПРЕТСТАВУВА ОГРАНИЧУВАЧКИ ФАКТОР ЗА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ

Претседател на УО на Шпаркасе банка

Интеграциските процеси со земјите од регионот и од ЕУ значително ќе се забрзаат. Надворешно-трговската размена и приватните инвестиции ќе станат главни двигатели на економскиот раст. Во сферата на младата популација ќе доминираат стартап бизнисите, економијата на услуги за грижа на стари лица (care economy), образовни услуги, услуги од областа на информатиката и на забавата (entertainment). Со намалувањето на политичкиот ризик очекувам зголемување на странските директни и портфолио инвестиции, пред сѐ надвор од економските зони – во хотелиерството, супермаркетите, енергијата, здравството, текстилната индустрија и сл. Од брзината со која ќе јакнат институциите и нивната здравост ќе зависи темпото на обнова на економскиот раст. Пристапот до капитал и до кредити не би требало да претставува ограничувачки фактор за економскиот раст. Намалувањето на невработеноста очекувам да продолжи, но тоа ќе остане проблем на македонската економија и во нареднава декада.

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top