Е-Б-Ф-Б
Што очекувате од 2018 година? Диомидис Николетопулос: ОЧЕКУВАМЕ ПОВЕЌЕ КРЕДИТНИ БАРАЊА ОД КОМПАНИИТЕ

Генерален директор на Стопанска банка ад Скопје

По периодот на политичка криза низ кој помина земјата, 2018 ќе биде година на економско заздравување со очекуван економски раст од над 3 %. Очекуваното зголемување на инвестициската активност, заедно со растот на приватната потрошувачка и обемот на извозот, ќе придонесе кон заживување на економската активност во земјата, овозможувајќи поголема динамика во кредитирањето на бизнисите и населението од страна на банките. Притоа главен предизвик е враќањето на стапките на раст на кредитирањето на корпоративниот сектор. По скромната 2017 година, во 2018 година очекуваме повеќе кредитни барања од компаниите како во делот на поддршката на нови инвестиции, така и во делот на поддршката на тековното работење. Стопанска банка, со својата силна капитална и ликвидносна позиција, ќе продолжи со финансиска поддршка на компаниите кои имаат јасни перспективи во бизнисот и здрави проекти. Секако остануваме силно посветени и на финансиската поддршка на населението преку разновидна понуда на соодветно дизајнирани кредитни производи и услуги кои ги задоволуваат потребите и очекувањата на нашите клиенти.

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top