Е-Б-Ф-Б
БРИСЕЛ НАЈАВИ ФОРМИРАЊЕ ЕВРОПСКИ МОНЕТАРЕН ФОНД

блиц свет

„Време е Европа да ја земе судбината во свои раце“, изјави претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, најавувајќи го формирањето на Европскиот монетарен фонд, институција под чија надлежност би била финансиската стабилност и отпорност од финансиски упади на земјите од еврозоната. Според Комисијата се работи за логичен чекор имајќи ги предвид недостатоците, последиците и предизвиците кои се појавија заедно со европската должничка криза изминатава деценија. Валдис Домбровскис, потпретседателот на Комисијата задолжен за еврото, истакна дека се работи за компромисен сет на идеи кои се во насока на зголемување на еластичноста на монетарната унија, како и можност за рестартирање на процесот на конвергенција на економиите на земјите членки на Унијата. Според најавениот план, новиот фонд треба да преземе дел од функциите на Европската централна банка како што се раководењето со Фондот за финансиска помош, како и Европскиот механизам за стабилизација, и да ја продлабочи нивната улога во креирањето на монетарната политика на Унијата. 

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top