Е-Б-Ф-Б
Што очекувате од 2018 година? Зоран Заев: ПОЛНОПРАВНО ЧЛЕНСТВО ВО НАТО И ДАТУМ ЗА ОТПОЧНУВАЊЕ ПРЕГОВОРИ СО ЕУ

претседател на Влада на Република Македонија

Би сакал да истакнам три процеси за кои очекувам севкупно да го подобрат животот на граѓаните на Република Македонија. Како премиер имам очекувања дека до крајот на годинава ќе станеме полноправна членка на Северноатлантската алијанса, НАТО и дека ќе добиеме датум за започнување на преговори за поглавјата за членство во Европската Унија. Очекувам дека во 2018 година ќе продолжи да се активира спиралата на покачување на платите. Почнавме со покачување на минималната плата, продолжуваме со Планот за економски раст кој овозможува нови, подобро платени работни места, директна поддршка на домашните фирми и привлекување странски инвестиции. И, третиот аспект е буџетот за 2018 година кој е резултат на домаќинското работење и кратењето на непродуктивните трошоци и со кој очекувам финансиска стабилизација на земјава. Овие три процеси, односно резултати очекувам дека сериозно ќе влијаат на севкупниот квалитет на животот на сите граѓани на земјава. Ја користам можноста на сите граѓани да им посакам среќни празници и многу здравје во 2018 година. 

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top