Е-Б-Ф-Б
САУДИСКА АРАБИЈА НАЈАВИ ИЗГРАДБА НА НОВ ГРАД ВРЕДЕН 500 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ

блиц свет

Саудиска Арабија претстави проект вреден 500 милијарди долари, кој вклучува изградба на целосно нов град – индустриска зона, кој се планира да биде лоциран на тромеѓето со Јордан и со Египет. Распространет на преку 26 илјади километри квадратни, НЕОМ, како што се нарекува новиот град, ќе биде целосно потпрен на примена на новите технологии за обезбедување енергија, питка вода и храна. Градот се предвидува да биде и целосно автоматизиран, со огромна вклученост на роботиката во извршување на бројните градски услуги како чистота, безбедност итн., но и енергетски целосно независен, зелен град, со примена на обновливи извори на енергија и со нула емисија на загадување на околината. Како што објави саудискиот принц Мохамед Бин Салман проектот НЕОМ претставува најава за серија вакви мега проекти кои треба да обезбедат транзиција на саудиската економија и саудиското општество во новата ера на глобализација, како и да ја намалат зависноста на економијата и на државата од приходите од фосилни горива. 

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top