Е-Б-Ф-Б
ЕКОНОМСКИОТ РАСТ ТРЕБА ДА БИДЕ ПРЕДВОДЕН ОД ИНВЕСТИЦИИТЕ НА ПРИВАТНИОТ СЕКТОР

Самуел Жбогар
Шеф на делегацијата на Европската Унија

Што мислите дека треба да остане непроменето од економските политики на претходната Влада?
Кои се клучните економски потези што треба да ги направи новата Влада?


Наместо да ги оценувам претходните економски политики ќе се осврнам на претстојните предизвици. Економскиот раст треба повторно да биде предводен од инвестициите на приватниот сектор. Јавниот долг кој се зголеми повеќе од двојно од 2008 година наваму треба да се стабилизира. Потребно е да се најде решение за структурните пречки за растот и за конкурентноста како што се прекумерното влијание на државата врз економијата и непредвидливото регулаторно окружување без соодветни консултации со засегнатите страни. Друг предизвик е неефикасноста на образовниот систем, несоодветноста на вештините и високата невработеност.

Нашата позиција во однос на економските политики не се промени со промената на Владата. Таа е претставена во неодамнешниот економски и финансиски дијалог меѓу ЕУ и Западниот Балкан. На краток рок, Владата треба да ја подобри фискалната транспарентност. Повеќе време ќе биде потребно за јакнење на капацитетите за буџетско планирање, одредување на приоритети за јавните инвестиции и усвојување на програма за реформа на менаџирањето на јавните финансии. Исто така приоритет е да се поттикнат лицата со послаби вештини, младите лица, лицата кои се долго невработени да се приклучат на пазарот на работна сила.

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top