Е-Б-Ф-Б
ГРЦИЈА ОЧЕКУВА КИНЕСКИ ИНВЕСТИЦИИ ВО ВИСИНА ОД 40 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ

блиц свет

Грција очекува новиот кинески проект „Патот на свилата“ да резултира со зголемување на трговската размена меѓу двете држави до три милијарди долари и во земјата да влезат инвестиции од Кина во висина од 40 милијарди долари. „Грчкиот бизнис очекува дел од тие 40 милијарди долари кои Кина ќе ги инвестира во следните три години“ – изјави заменик-
-министерот за економија на Грција Стергиос Пициорлас коментирајќи ја неодамнешната посета на грчкиот премиер Алексис Ципрас на Пекинг. За време на посетата на Ципрас во Пекинг беа потпишани два договора за соработка од кои едниот меѓу конзорциумот Копелузос и Шенхуа груп во вредност од три милијарди евра во областа на производството на еколошка електрична енергија и меѓу Фортнет и ЗТЕ за изградба на мрежи од оптички кабли во Грција во вредност од 500 милиони евра. Енергетиката, бродоградбата, туризмот и недвижностите се основните сектори во кои Грција очекува кинески инвестиции.

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top