Е-Б-Ф-Б
КРОАЦИЈА ОСИГУРУВАЊЕ ГО КУПИ ХРВАТСКИОТ ДЕЛ НА БНП ПАРИБАС

блиц свет

Според објавата на Берзата во Загреб, Кроација осигурување во целост го презеде уделот во БНП Перибас Кардиф осигурување (BNP Paribas Cardif). Вредноста на преземањето сѐ уште не е позната, а договорот за купопродажба ќе стапи на сила откако ќе биде одобрен од страна на Агенцијата за надзор на финансиските услуги на Хрватска. Француската БНП Перибас  осигурување во Хрватска е присутна од јули 2007 година и претставуваше активен играч на пазарот на осигурување нудејќи бројни нови осигурителни производи. Кроација осигурување (Croatia Osiguranje) пак е една од најстарите осигурителни компании во Југоисточна Европа. Основана во 1884 година има над 130-годишна традиција. Во првото тромесечје на 2017 година групацијата Кроција осигурување остварила нето-добивка од 9,8 милиони евра, што претставува раст од 71 % во споредба со истиот период лани. На крајот на април 2017 година Кроација осигурување зазема 30,91 % од вкупната пресметана бруто полисирана премија. 

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top