Е-Б-Ф-Б
СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ОДИ НА ПРОДАЖБА

блиц свет

Словенечкиот државен холдинг (SDH) и Управата на Нова љубљанска банка (NLB) објавија писмо со намери за продажба на најмалку 50 отсто од акциите на НЛБ, а понудата ќе трае до средината на јуни. Оваа системска банка се смета за стратешки интерес на Словенија поради што нејзината продажба, иако преземена како обврска пред Европската Унија, тешко доаѓа до реализација. Групацијата НЛБ има 356 филијали, од кои 113 се во Словенија, а другите се во Македонија, во Босна и Херцеговина, во Црна Гора, во Србија и на Косово. Во Словенија, во сферата на кредитното работење има пазарен удел од 23,9 отсто, а кога станува збор за депозитите од 25,3 отсто таа е најголемата словенечка банка во 100-процентна сопственост на државата. Билансот на банката кон крајот на минатата 2016 година изнесуваше 12 090 милијарди евра, а последниве три години работела со добивка, што е продолжено и во првото тримесечје од годинава кога реализирала 82 милијарди евра добивка.

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top