Е-Б-Ф-Б
НОВИ АТРАКТИВНИ УСЛОВИ ЗА НЕНАМЕНСКИТЕ ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТИ ВО ТТК БАНКА

ТТК Банка

‘’ТТК Банка понуди исклучително конкурентни услови за поволно кредитирање на физички лица во рамките на Премиум СМАРТ и Премиум ВИП пакетите наменети за примателите на плата во Банката со важност од 15 март.

Банката го понуди ненаменскиот потрошувачки кредит Премиум СМАРТ со годишна фиксна каматна стапка од само 5,5% во првата година, односно 7,9% прилагодлива годишна каматна стапка за останатиот период, за износи до 600.000 денари без жиранти, во зависност од месечните примања и со намален надоместок за одобрување.

Примателите на плата во Банката, во рамки на Премиум ВИП пакетот имаат можност да аплицираат за ненаменскиот потрошувачки кредит со годишна фиксна каматна стапка од само 5,5% во првата година, односно 7,5% прилагодлива годишна каматна стапка за останатиот период, за износи до 600.000 денари без жиранти и со намален надоместок за одобрување.

Атративните каматни стапки нудат поволности и при рефинансирање на постојните обврски по кредити со што се овозможува релаксирање на месечните трошоци и пристап до повеќе расположливи средства  во текот на месецот.

Во рамки на Премиум СМАРТ и Премиум ВИП пакетите примателите на плата во ТТК Банка имаат можност да аплицираат и за Visa Classic кредитна картичка и дозволено пречекорување по поволни услови.

Во секое време без надоместоци за приклучок и одржување достапни се услугите на електронското и мобилното банкарство како најбрз и најповолен начин за плаќање и  информирање за сметките, производите и услугите.

За повеќе информации во врска со новите услови на потрошувачките кредити и останатите услуги корисниците можат да ги посетат филијалите и експозитурите на ТТК Банка и интернет-страницата www.ttk.com.mk.’’

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top