Е-Б-Ф-Б
РОАМИНГОТ ВО ЕУ СЕ УКИНУВА НА 15 ЈУНИ

блиц свет

„ЗБОГУМ РОАМИНГ“ – вака некои европратеници на социјалните мрежи го најавија новото усогласување. Владите и институциите на земјите членки на Европската Унија потпишаа договор за техничките услови за намалувањето на давачките за роаминг на телекомуникациските оператори. Станува збор за средства што мобилните оператори ги плаќаат едни на други за користење мобилни услуги на корисници кои доаѓаат од други земји. Реформите во цените би значеле граѓаните на Европа да зборуваат без да плаќаат роаминг, а се очекува новите правила да стапат на сила од 15 јуни годинава. Според новиот договор, цената на мобилниот интернет, која во моментов е 7,7 евра за еден гигабајт, до 2022 година треба да се намали на 2,5 евра. Цената за една минута разговор од сегашните 5 евроценти ќе стане 3,2 евроценти, а од средината на јуни испраќање СМС-порака ќе чини 1 евроцент, што ќе биде двојно помалку од сегашната цена. Договорот треба да биде изгласан на седници на Советот на Европа и на Европарламентот.

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top