Е-Б-Ф-Б
ДОЈЧЕ ТЕЛЕКОМ ДОСТИГНА НАЈВИСОКА ВРЕДНОСТ НА БРЕНДОТ ВО СВОЈАТА ИСТОРИЈА

блиц свет

Дојче телеком достигна највисока вредност на брендот во својата историја со 36,4 милијарди американски долари. Според рангирањето на Бренд фајненс глобал 500 (Brand Finance Global 500), ова претставува зголемување од 10 % во споредба со минатогодишната вредност. Со овој позитивен резултат компанијата повторно е највреден телекомуникациски бренд во Европа, пред Водафон (Vodafone) и Оранж (Orange).  Од неговото повторно воведување во 2008 година, вредноста на брендот постојано расте и се зголеми за импресивни 309 %. Дојче телеком е исто така вториот највреден германски бренд во светот, по Бе-ем-ве (BMW). По нив следуваат Мерцедес-Бенц (Mercedes-Benz), Фолксваген (VW) и Сименс (Siemens). Секоја година Бренд фајненс ги определува највредните брендови во светот. Според консултантската фирма со седиште во Обединетото Кралство, рангирањето на Дојче телеком е одраз на стабилната стратегијата за брендот. Kомпанијата успешно го продолжи и својот позитивен деловен развој при што истовремено направи долгорочни инвестиции во квалитетот на мрежата, иновациите и корисничките услуги. Македонски телеком е дел од Групацијата Дојче телеком.

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top