Е-Б-Ф-Б
50 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ЕУ ЗА ЕНЕРГЕТСКИ ПРОЕКТИ ВО ЗАПАДНИОТ БАЛКАН

блиц свет

Педесет милиони евра за финансирање енергетски проекти ќе добијат земјите од Западен Балкан од Европската Унија преку Програмата за регионална енергетска ефикасност и Фондот за зелен раст. Договорите за финансиите ги потпишаа претставници од Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), Европската инвестициона банка (ЕИБ) и Банкарскиот концерн КфВ (KfW) во рамките на Програмата за регионална енергетска ефикасност (РЕЕП) и Фондот за зелен раст (GGF – Green for Growth Fund ), во рамките на министерскиот состанок на земјите од Западен Балкан, кој се одржа во Скопје минатиот месец. „Предвидените финансии треба значително да му помогнат на јавниот и на приватниот енергетски сектор во шесте држави и да придонесат за заштеда на енергија и намалување на емисиите на штетни гасови“, оцени еврокомесарот Јоханес Хан на прес-конференцијата по потпишувањето на договорите во македонското МНР. Хан истакна дека со овие дополнителни средства земјите од Западен Балкан ќе можат да постигнат производство од 1,6 терават часови електрична енергија годишно.

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top