Е-Б-Ф-Б
И ФИЧ ГИ ПРОГЛАСИ ТУРСКИТЕ ОБВРЗНИЦИ ЗА ИНВЕСТИЦИСКО „ЃУБРЕ“

блиц свет


Кон крајот на јануари, Фич (Fitch) го намали долгорочниот кредитен рејтинг на Турција во странска валута од BBB- на ниво BB+. Со тоа, според Стандард и Пурс и Мудис, и последната релевантна Рејтинг агенција Фич го намали надворешниот кредитниот рејтинг од инвестициско ниво на ниво „ѓубре“. Што се однесува до внатрешниот пазар, за домашната валута Фич го задржа инвестицискиот рејтинг на Турција намалувајќи го од ниво BBB на ниво од BBB-. Според агенцијата, намалувањето најмногу се должи на последниот развој на политичките и на безбедносните состојби во земјата, кои ја поткопуваат економската стабилност и независноста на институциите. Покрај неодамнешниот неуспешен обид за пуч во земјата, од агенцијата како опасност по економската стабилност ги наведуваат и новите уставни измени кои се во тек по чие усвојување ќе се формира систем со значително помала институционална контрола и рамнотежа. Овие фактори веќе доведоа до намалување на вредноста на турската лира од што агенцијата не очекува финансиска нестабилност, туку само штетно влијание врз приватниот сектор. 

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top