Е-Б-Ф-Б
РАБОТОДАВАЧИТЕ СО ИНИЦИЈАТИВА ЗА ПРЕДВРЕМЕНА ПЕНЗИЈА

блиц Македонија

 

Жените да можат да се пензионираат на 59 години, а мажите на 61 година, би предвидувале новите измени на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, кои сè уште се во фаза на разгледување. Според овие измени трошокот за надоместокот што ќе го добиваат во периодот од три години додека да добијат статус на пензионери би паднал на товар на работодавците. Вакви измени се планираат и се чекаат конечните пресметки од Фондот за пензиско и за инвалидско осигурување во врска со тоа колку би изнесувал надоместокот што ќе треба да го плаќаат работодавците. Главниот носител на идеите за вакви законски измени е бизнис–заедницата и Синдикатот, а се чека на официјалниот предлог од Министерството за труд. Самата иницијатива потекнува од бизнисмените кои одреден период бараат решение како да го подмладат работничкиот кадар. Со ваквите измени, кои нема да имаат финансиски неизбежни последици врз државата, ќе им се даде можност на работодавците да го подобрат работниот процес.

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top