Е-Б-Ф-Б
СМАРТ УЧИЛНИЦИ – МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ СПРОВЕДУВА ПРОЕКТ ЗА МОДЕРНИЗАЦИЈА НА ОБРАЗОВАНИЕТO

блиц Македонија


Македонски телеком, во партнерство со Министерството за образование и наука и Министерството за информатичко општество и администрација, стартува нов проект – „Смарт училници“, во кои едукативниот процес ќе се одвива врз основа на паметните технологии. Со новиот пилот-проект започнаа со работа училниците во средните училишта „Д-р Панче Караѓозов“ и „Зеф Љуш Марку“. „Нашата компанија, како технолошки лидер во земјава, е посветена новите технологии да ги доближи и да ги направи достапни за луѓето и за општеството. Овој проект е добар пример во таа насока. Денешните ученици живеат дигитално и потребни им се соодветни алатки за стекнување знаење и за комуникација со цел да се соочат со модерните предизвици. Смарт училниците се наменети да станат нивна природна средина за учење и за стекнување знаење“ – изјави Андреас Маиерхофер, главен извршен директор на Македонски телеком. Преку интерактивни табли и таблети ќе се постигне поголема интеракција во училницата, полесно следење на развојот на учениците, лесно прилагодување на училишните планови и подобрување на ефикасноста на учебната администрација. 

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top