Е-Б-Ф-Б
КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА ТРИНАЕСЕТИ ПАТ НАГРАДЕНА ОД ЕБРД



Европската банка за обнова и развој по тринаесетти пат ја награди Комерцијална банка, како најактивен учесник во EBRD TFP - Trade Facilitation Program – програма за унапредување на меѓународната трговија во глобални рамки. Наградата ќе биде и свечено доделена на ЕБОР Бизнис Форумот на 26-та годишна средба на Одборот на гувернери во Кипар на 09.05.2017 година.  

Наградата се доделува еднаш годишно и се однесува на обемот и квалитетот на издадени акредитиви и гаранции со цел поддршка на надворешната трговија. Преку оваа програма вработените имаа можност да ги сертифицираат своите специфични знаења со полагање на испити (7 модули) од областа на меѓународната трговија и пракса. Воедно, тимот од Секторот за односи со странство постигна одлични резултати, признанија и промоција во својата фела.

Оваа награда претставува уште еден поттик за вработените и потврда за коминтентите дека Комерцијална банка АД Скопје и во меѓународни рамки останува една од најтранспарентните и најреномирани банки во Република Македонија.

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top