Е-Б-Ф-Б
НА ЛОКАЛИТЕТОТ ЛЕПОВО ВО ЧЕСТ НА СВ. ТРИФУН – ЗАКРОЕНИ ЛОЗЈАТА НА „ТИКВЕШ“


 

Со желби за квалитетен род и добра винска година, во чест на Свети Трифун - заштитникот на лозарите и винарите, се закроија лозовите насади на винарската визба „Тиквеш“. И оваа година се почитуваше традицијата поврзана со празникот на лозарите и винарите со надеж за поволни услови кои ќе овозможат добар род.

Чинот на закројување на лозите беше извршен според сите обичаи, од страна на Управниот одбор, менаџментот и вработените на ВВ „Тиквеш“, претставници на дипломатскиот кор, на државните институции и на голем број партнери, соработници и пријатели на винарницата.

„Тиквеш“ и годинава го прославува празникот заедно со своите потрошувачи. За сите оние што го слават заштитникот на лозарите и винарите, но и оние што ја слават љубовта, организрани се голем број промотивни активности и изненадувања. Оваа година,  активностите ќе се случуваат во над 100 угостителски објекти ширум земјата и дополнителни 20-ина во регионот, при што посетителите во овие популарни објекти ќе имат можост да уживаат во премиум вината од сериите Special Selection и Alexandria Cuvѐe.

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top