Е-Б-Ф-Б
СРБИЈА И БУГАРИЈА ЌЕ ГРАДАТ ГАСЕН ИНТЕРКОНЕКТОР

блиц свет

Министрите за енергетика на Србија и на Бугарија, Александар Антиќ и Теменушка Петкова, потпишаа Меморандум за разбирање за изградба на гасен интерконектор меѓу двете земји. Според Антиќ, во договорот се дефинирани сите детали, пристапни точки, капацитети и сите останати прашања врзани за проектот, кој очекува да влезе во ИПА-програмата на Европската Унија за 2017 година од каде што се очекува тој и да се финансира. Според Петкова тие веќе имаат обезбедено 45 милиони евра за изградба на интерконекторот и од нивна страна првата фаза е веќе завршена. Според планот, интерконекторот во должина од 150 километри треба да започне да се гради во 2019 година и да почне со работа една година подоцна, кон крајот на 2020 година.  Изградбата на гасниот интерконектор меѓу Србија и Бугарија стана приоритет откако Русија го стопираше проектот Јужен тек. Интерконекторот треба да послужи за поврзување на југоисточниот регион на Европа со гасните капацитети од Азербејџан. 

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top