Е-Б-Ф-Б
АЛИБАБА СТАНА ГЕНЕРАЛЕН СПОНЗОР НА ОЛИМПИЈАДАТА

блиц свет

Кинеската компанија за електронска трговија Алибаба потпиша договор со Олимпискиот комитет со кој компанијата стана генерален спонзор на олимпијадите сѐ до 2028 година. Според Блумберг, 12-годишниот договор е вреден преку 800 милиони долари и претставува најголем договор што досега го има склучено Олимпискиот комитет. Со договорот Алибаба добива ексклузивно право за сопствена промоција при организирањето на Олимписките игри, а за организацијата треба да обезбеди грижа за Онлајн одделот на Олимписките игри, анализа на податоците за спортските натпревари, да создаде електронски пазар за продажба на официјалната олимписка мерчендајз стока, како и креирање посебен онлајн видеоканал за гледачите на Кина, што претставува најголем потрошувачки пазар во светот. Со тоа Алибаба влегува во друштвото на уште 12 други компании кои се потписници на партнерски договор со Олимпискиот комитет, меѓу кои и брендовите како Кока-Кола, Самсунг и Мекдоналдс, и претставува втора кинеска компанија, покрај Леново, која има потпишано ваков договор. 

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top