Е-Б-Ф-Б
КИНА ЌЕ ИНВЕСТИРА 360 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ИНВЕСТИЦИИ ВО ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ

блиц свет

Кина планира да инвестира преку 2,4 илјади милијарди јуани (преку 360 милијарди долари) во обновливи извори на енергија до 2020 година. Инвестицијата е во согласност со политиката на Пекинг за намалување на употребата на фосилни горива и борба против загадувањето. Минатата година Кина стана светски лидер во производство на соларна енергија со што го продолжи трендот на намалување на употребата на јагленот при производството на електрична енергија започнат во 2013 година кога Кина го оствари историскиот максимум на потрошувачка на јаглен. Речиси половина од парите, или илјада милијарди јуани, ќе бидат насочени кон капацитети за производство на соларна енергија, 700 милијарди јуани во ветерници и 500 милијарди за искористување на хидропотенцијалот. Остатокот од околу 200 милиони јуани се предвидува да се инвестира во геотермални и останати извори на енергија. Дури и со реализација на овие инвестиции, Кина нема да надмине 15 % од учеството на обновливите извори во вкупното производство на енергија каде што доминира потрошувачката на јаглен. 

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top